Путин: Западот ја користи Украина за да ја уништи Русија

Кајгана / МИА
/ 31.12.2022 / 14:43

Рускиот претседател Владимир Путин одржа новогодишно обраќање до Русите, опкружен со војници кои учествуваат во војната во Украина.

Путин смета дека во 2022 година година се случиле клучни настани кои ги поставиле темелите на иднината на Русија и светот, дека оваа година е исполнета со немири и вознемиреност.

„Ова беше година на вистински пресврти и судбоносни настани. Година на тешки, но неопходни одлуки, од кои најважна беше онаа за преземање чекори кон стекнување целосен суверенитет“, рече тој.

„Но, нашиот мултинационален народ, како што беше случај во сите тешки периоди од руската историја, покажа храброст и достоинство. Со зборови и дела ги поддржа бранителите на татковината. Нашите војници и офицери. Сите учесници во специјалната воена операција“, изјави Путин.

Нагласи дека „вистината е на страната на Русија, која го штити својот народ на своите историски територии“.

„Со години, западните елити ја убедуваа Русија во мирољубиви намери, вклучително и во Донбас, но всушност тие ги поддржуваа неонацистите и се подготвуваа за агресија. Сега за ова отворено се разговара, а народот на Украина се користи за да се подели и ослабне нашите земја“, изјави Путин.

„Никогаш никому не сме дозволиле и нема да дозволиме никому да го направи тоа“, додаде тој.

Изрази уверување дека Русија ќе ги надмине сите тешкотии и ќе остане голема и независна земја.

„Отсекогаш знаевме, а денес уште еднаш сме убедени дека суверената, независна, сигурна иднина на Русија зависи само од нас. Од нашата сила и волја“, заклучи Путин. 

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе