Работи кои никој не ви ги кажува пред да станете родители

Нема родител кој не рекол дека има некои работи кои посакува некој да му ги кажел пред да има деца. Тоа важи и за мајките, и за татковците.

Има многу работи за кои се прашувате дали се „нормални“, дали им се случуваат и на другите деца, и на другите родители.

Ова е листа на 10 работи што треба да ги знаете пред да станете родители. Само храбро, за секој стрес има (најмалку) една скапоцена насмевка што е повредна од сѐ друго.

Веднаш почнете да се грижите за вашето здравје и не се ставајте себе си на последно место, за да не ви биде потешко подоцна.

Претераното потење по породувањето е нешто што нема да ве заобиколи.

Секое бебе е различно. Немојте да правите драми за секое хранење, преоблекување, бањање.

Не се плашете и срамите да побарате помош или да ја прифатите ако некој ви ја нуди, од домашни обврски до нега за бебето.

Ќе има денови кога самиот факт дека детето ви е живо и здраво ќе ви биде доволен.

Одмарајте се кога бебето спие. И вашиот сон и одмор се важни, како и вашето ментално здравје.

Немојте да дозволите некој да ви кажува дека правите нешто погрешно во начинот на кој се грижите за вашето дете. Секое бебе е различно, а вашиот однос со него е уникатен. Верувајте им на своите инстинкти!

Родителството воопшто не е лесно и никогаш нема да бидете доволно подготвени. Првите неколку недели ќе бидете психички исцрпени и подгответе се за тоа.

Не го споредувајте вашето бебе со тоа што го прават другите бебиња на негова возраст.

Животот со партнерот откако ќе се роди бебето е сосема поинаков. Некое време нема да заспивате, да се будите, да јадете заедно. Некогаш нема да имате време ни за разговор што не е поврзан со бебето. Но, време за прегратка и бакнеж секогаш (треба да) има.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе