Разбиен еден од најголемите митови: Дали компирот дебелее?

Една од најзастапените намирници во нашата исхрана е компирот, а многумина го избегнуваат поради страв од дебелеење. Ново истражување откри дека нема за што да се грижите.

Станува збор за студија што ги проучувала навиките во исхраната на луѓе кои се со прекумерна тежина или со инсулинска резистентност.

Иако долго време се сметаше дека оние кои се борат со вишокот килограми треба да го избегнуваат, нутриционистите сега велат дека компирот е одличен за слабеење.

„Често, за да бидеме сити, треба да јадеме одредена количина храна, дури и кога таа има поголема хранлива вредност, па затоа најдобро е да јадеме храна која тежи повеќе и е нискокалорична “, вели професорката Кандида Ребело, коавтор на новата студија спроведена во Биомедицински истражувачки центар во Луизијана.

Студијата ги разгледувала навиките во исхраната на луѓе на возраст од 18 до 60 години со прекумерна тежина или отпорност на инсулин, а нејзините учесници добивале по две различни менија секој ден богати со овошје и зеленчук. Околу 40% од просечното внесување на месо било заменето со грав, грашок и компир.

„Клучно е што не ја намаливме големината на оброците, туку ја намаливме нивната калорична содржина со вклучување компири. Оброкот на секој од учесниците беше прилагоден на нивните персонализирани калориски потреби. Со замена на дел од месото со компир, учесниците беа посити, често толку многу што не можеа ни да го довршат оброкот“, објаснува таа.

Компирите се здрави бидејќи содржат витамини Ц и Б6, калиум, магнезиум, фолна киселина и растителни влакна, а неодамна се потврди дека содржат и многу антиоксиданси.

Во истражувањето, компирите биле варени со кората, а потоа ставани во фрижидер 12 до 24 часа за да се зголеми содржината на влакна. На учесниците им биле послужени во различни форми секој ден, за ручек и за вечера.

Научниците на овој начин открија дека не само што не го зголемува нивото на гликоза во крвта, туку компирот е здрав за дијабетичарите исто како гравот и грашокот, кои помагаат да се одржи стабилен шеќерот во крвта.

Сите учесници во студијата успеале да ослабат.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе