Разбиваме митови: Зошто е важно да јадеме јаглехидрати?

А.С.
/ 27.04.2022 / 13:52

Јаглехидратите се од суштинско значење за оптимално здравје. За жал, многу диети препорачуваат елиминирање на јаглехидратите од вашата дневна исхрана.

Постои раширено верување дека јаглехидратите нѐ дебелеат. Ова, се разбира, е далеку од вистината. Кај луѓето без здравствени проблеми, зголемување на телесната тежина се јавува поради внесување на повеќе храна отколку што телото може да искористи, односно да потроши. Ниту една група храна не е одговорна за ова.

„Омразените“ јаглехидрати се главниот извор на енергија потребна за човечкото тело. Тие се макронутриенти, што значи дека на телото му треба значителна количина за да функционира правилно. Се поставува прашањето - како исфрлањето на толку вредна група храна може да биде добра работа?

Д-р Миа Син, нутриционист и водителка на емисијата Good Food Friday на ABC, нуди детали за придобивките од нивно умерено дневно внесување.

Јаглехидратите се извор на енергија

Кога ги јадеме, јаглехидратите му даваат на нашето тело гориво што му е потребно за да функционира на секое ниво. Дигестивниот систем ги разложува на гликоза (шеќер во крвта), која обезбедува енергија за нашите клетки, ткива и органи. Енергијата што не се троши се складира во мускулите и црниот дроб, од каде што нашето тело ја користи кога му е потребна. Без доволна потрошувачка на јаглехидрати, можно е да чувствуваме умор, главоболка, летаргија и неспособност да правиме понапорна физичка активност.

Кога сите макронутриенти се консумираат во потребната количина, помагаат да се одржува телото здраво. Јаглехидратите од зелениот лиснат зеленчук и зрнестите житарки всушност помагаат во намалувањето на маснотиите, зголемување на мускулната маса и ја зголемуваат физичката способност.

Помагаат да се одржи добра телесна тежина

Двете главни групи се прости и сложени јаглехидрати. Простите вклучуваат природни шеќери од овошје, зеленчук и млеко. Додадените шеќери се исто така прости, но тие не се толку здрави како природните, бидејќи имаат многу помалку хранливи материи. Примери за добри извори на прости јаглехидрати се калинка, манго, млеко, јогурт, природен мед, итн.

Сложените јаглехидрати вклучуваат влакна и скроб и не се варат лесно. Во оваа група, се препорачуваат леб од цели зрна, киноа, сладок компир, мешунки, повеќето зеленчуци, овес, ореви, семки итн.

Функциите на телото најдобро се одржуваат кога секојдневно се консумираат и прости, и сложени јаглехидрати. Неопходно е да ги одржувате количините умерени и на тој начин да си дозволите поедноставен и пореален пристап кон здравата исхрана.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Фит

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Read more
 

Магазин

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Читај повеќе