Родителството ги „турка“ луѓето кон поконзервативни ставови, тврди науката

Луѓето кои имаат деца имаат тенденција да станат општествено поконзервативни во споредба со луѓето кои немаат деца, покажа најново истражување.

Често се верува дека луѓето стануваат поконзервативни како што стареат, но истражувачите откриле дека возраста не е примарна причина. Едно ново истражување се обиде да разбере како се појавуваат поделени ставови за различни прашања, вклучувајќи абортус, имиграција и секс.

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија открија дека луѓето кои инвестираат повеќе во родителска грижа може повеќе да се приклонуваат кон конзервативни политики и вредности. Како дел од студијата, тие анкетирале 2.610 луѓе од 10 земји и откриле докази дека луѓето кои се веќе родители или кои сакаат да станат родители се поврзани со растечкиот општествен конзервативизам ширум светот.

Луѓето кои немаат деца имаат полиберални ставови како што стареат, велат истражувачите.

Професорот Николас Кери, коавтор на студијата, изјави за Newsweek дека наодите се во спротивност со вообичаеното верување дека луѓето стануваат поконзервативни со возраста.

„Ова верување е содржано во изразот кој вели: ‘Кој не е либерален на 20, нема срце, а кој не е конзервативен на 30 нема мозок’“, рече тој.

„Всушност, кога статистички ги контролирате ефектите од родителството, постарите луѓе не се општествено поконзервативни од помладите.“

Истражувањето, објавено во списанието Proceedings of the Royal Society, исто така, истакна дека глобалните стапки на плодност се во постојан пад од 1950 година, што може да доведе до полиберална иднина.

„Со оглед на тоа дека наталитетот опаѓа во поголемиот дел од светот - но нагло се зголемува во некои региони - сегашните наоди би можеле да имаат длабоки импликации за политичките ориентации во иднина“, пишуваат авторите.

Помалку деца подразбира полиберално општество?

„Поточно, нашите наоди сугерираат дека глобалното зголемување на бројот на луѓе без деца потенцијално може да придонесе за процесот на либерализација по социјалните прашања“, додаваат тие.

Сепак, професорот Пол Хигинс предупреди дека недостаток на истражувањето е тоа што ги намалува политичките наклонетости на многу специфичен збир на лични искуства.

Тој за The Guardian изјави дека истражувањето не ги зело предвид промените во подоцнежните фази од животот, ниту ефектите од промените во општеството и општествените улоги. Професорот Кери додаде дека и покрај наодите, треба да се сфати дека политичките ставови се „барем делумно“ резултат на личност во одредена фаза од животот.

Разбирањето на ова може да им помогне на луѓето да сфатат дека нивните лични ставови за различни работи понекогаш може да се променат поради променетите приоритети, а не само поради тоа што имаат некој посебен увид во објективната вистина.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе