Најупатениот спортски новинар во трансфер-пазарот, Фабрицио Романо, вели дека Лука Модриќ ќе остане во Реал Мадрид, но има добиено луди и неверојатни понуди.
„Модриќ сака да остане во Реал, но има луди, неверојатни понуди од Саудиска Арабија“, тврди Италијанецот.
Реал на 37-годишниот Хрват му нуди едногодишен договор вреден околу 10 милиони евра, а Саудијците му нудат дури и повеќе од 60 милиони евра по сезона за повеќегодишен договор.
„Модриќ засега им одолева на Саудијците, но нема да му биде лесно бидејќи нови понуди пристигнуваат секој ден“, додава Романо.
Договорот на Модриќ со Реал трае до крајот на месецов, а во кралскиот клуб игра од 2012 година. Сезонава одигра 51 натпревар и постигна 6 гола со исто толку асистенции.