Рускиот фудбал се сели во Азија?

Откако УЕФА од секаде ги исфрли руските клубови и репрезентации, Фудбалскиот сојуз размислува да се префрли во Азија.

Рускиот фидбалски сојуз размислува да се премести во АФЦ, Азиската фудбалска конфедерација, откако УЕФА завчера донесе одлука за исфрлање на сите руски клубови и репрезентации од сите можни натпреварувања и во новата сезона 2022/23. Тоа е последица на руската воена операција во Украина.

„Мислам дека дојде време сериозно да размислиме за префрлање во Азиската конферација. Не знаеме колку долго ќе трае забраната за руксите клубови и репрезентации, а изоставувањето од меѓународните натпреваривата би било катастрофално за рускиот фудбал“, вели за Мач ТВ поранешниот боксер Дмитриј Пирог, кој сега е пратеник во Думата.

УЕФА во вторникот воведе дополнителни санкции против Русија. Руските клубови следната сезона нема да учествуваат во европските натпреварувања, машката репрезентација е исклучена од Лигата на нации, а на женската ѝ е изречена забрана за настап на претстојното Европско првенство. На Русија ѝ е забрането и да се кандидира за домаќин на Европското првенство во 2028 и 2032 година.

Нема да биде првпат една федерација да се префрли од една во друга фудбалска зона. Последен пат тоа го направи Австралија која во 2006 година премина од Океанија во Азија. Претходно Казахстан беше дел од Азија, но во 2003 премина во УЕФА. Најпознат е случајот со Израел кој до 1974 беше член на Азија кога беше исфрлен откако поради ситуацијата со Палестина пола репрезентации одбиваа да играат со нив. Потоа до 1991 не беше член никаде кога конечно доби дозвола да влезе во УЕФА, иако географски не припаѓа на Европа.

Русија може да направи вакво преместување бидејќи ги исполнува сите услови, односно геграфски земјата да припаѓа на континентот на чија зона сака да ѝ се придружи. Русија лежи и во Европа и во Азија, но речиси со две третини од територијата е во Азија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе