УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Сањол удри по судиите: ВАР погреши, Мората беше во офсајд

Фудбалерите на Шпанија го покажаа сиот свој квалитет и убедливо ја совладаа Грузија во осминафиналето на ЕУРО 2024 во Германија, но грузискиот селектор Вили Сањол беше критички настроен кон судиите во ВАР собата.

Францускиот стручњак и поранешен десен бек не оспори дека ривалот заслужено славел и дека во овој момент е подобар тим, но инсистираше на тоа дека судиите згрешиле кога му го признаа вториот гол на противникот.

„Сигурен сум дека беше во офсајд. На крајот на краиштата, имаше идентична ситуација на натпреварот помеѓу Холандија и Франција кога на Холанѓаните им беше поништен гол. Мората секако влијаеше на играта, но судиите го кажаа своето и тука е крајот на тоа. Мислам дека ВАР е многу корисен во модерниот фудбал, но проблемот е што не знаеме да го искористиме на вистински начин. Судиите се тие што ја гледаат секоја контроверзна ситуација на 10 различни телевизори и очигледно различно ја доживеале отколку ние“, изјави Сањол.

Контроверзниот гол на Родри кога Мората е во офсајд е на 1:55 на видеото:

Remote video URL

„Цело време верувавме дека можеме да се справиме со Шпанија. Имавме наш план за игра, кој во голем дел од првото полувреме даваше резултат. Мислам дека натпреварот ќе се одвиваше поинаку доколку не беше признат тој втор гол на Шпанија, но нема врска. Играчите од ова треба да учат за да извлечат лекции, бидејќи се игра 90 минути и концентрацијата постојано мора да биде на високо ниво“, рече Сањол и додаде:

„Дојдовме до крајот на патувањето на ова Европско првенство, но сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри на следното големо натпреварување“.

Грузија за прв пат во својата историја се квалификува на едно големо натпреварување и тоа преку баражот од Лигата на нации каде на пенали ја победи Грција. На завршницата се покажа во одлично светло освојувајќи 4 бода во групата, а шлагот беше кога во последното коло со 2:0 ја совлада Португалија, казнувајќи ја за експериментирањето со резервистите.

реклама

Наместо 15 години работен стаж, да се добива пензија со 5 години работно искуство, предложија пензионерите

Read more

Кардиолозите советуваат колку јајца може да јадеме неделно

Read more

Што ќе му донесе младата Месечина на секој хороскопски знак?

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Фудбал

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Read more

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Read more

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Read more

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Read more
 

Спорт

Монтела: Холанѓаните се борат како лавови, но и ние играме со срце

Читај повеќе

Како му чукаше срцето на Роналдо пред пеналот против Словенија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ед Ширан настапи пред англиските фудбалери, коментарите се безмилосни

Читај повеќе

Убиен е поранешниот светски шампион во скок во височина, по него се трагаше две недели

Читај повеќе
  • play_arrow

Херојот на Турција славеше со поздравот на Сивите волци и предизвика скандал, му прети казна

Читај повеќе

Познати сите четвртфинални двојки на ЕУРО и на Копа Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лакрдија на Копа Америка: Во ВАР цртаа погрешни офсајд линии и не досудија пенал за Бразил

Читај повеќе

Италијанците разочарани: Подобри сме на плејстејшн отколку на терен

Читај повеќе

Статистиката овојпат му се удри од глава на Роналдо

Читај повеќе