Санти Мина осуден на 4 години затвор за сексуален напад

Напаѓачот на шпанска Селта е прогласен за виновен и осуден за 4-годишна затворска казна, а ќе треба да плати и паричен надоместок.

Поранешниот младински репрезентативец на Шпанија од судот во Алмерија доби затворска казна во времетраење од 4 години плус 50.000 евра парична казна откако беше прогласен за виновен за сексуален напад. Одбраната на Санти најави дека ќе ја обжали пресудата.

Инцидентот се случи во 2017 година кога Санти Мина ги бранеше боите на Валенсија. Настанот се случил додека бил на одмор во Мохакар заедно со Давид Голдар, кој беше исто така обвинет како сведок кој не направил ништо за да го спречи нападот, но ослободен од сите обвиненија како негов соучесник.

Сантјаго Мина Лоренсо е родум од Виго, а кариерата ја почна во Селта. За Валенсија играше од 2015 до 2019 година кога потоа повторно се врати во Селта каде игра и ден денес. Селта од претходно најави дека во случај да биде осуден веднаш ќе биде суспендиран од првиот тим, што и веднаш се случи.

За Шпанија настапуваше за младинските категории, а за сениорскиот тим никогаш не доби можност ниту да дебитира.

Сезонава настапи на 33 натпревари за тимот од Виго  на кои постигна 7 голови и запиша 3 асистенции.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе