Политичка драма во Италија

Се појави ново видео со Берлускони во кое тој отворено го брани Путин

Објавена е нова снимка од тајниот разговор на лидерот на Форца Италија, Силвио Берлускони, на кој тој страсно ја брани инвазијата на Путин на Украина.

Зборовите на поранешниот италијански премиер, кој беше осуден на затворска казна, а сега е лидер на партијата што ја основаше и која е дел од победничката десничарска коалиција, беа кажани вчера, на затворена средба со новоизбраниот сенатори на неговата Форца Италија во Монтечитори.

На истиот состанок тој бил снимен и како се фали дека Путин му честитал роденден испраќајќи му 20 шишиња вотка, а на Путин му вратил со 20 шишиња Lambrusca и дека си размениле „слатки пораки“. Видеото вчера го објави италијанскиот La Presse.

Како Берлускони го брани Путин и неговата инвазија

Истиот портал денеска објави ново видео во кое Берлускони им ја објаснува војната во Украина на своите сопартијци, цврсто застапувајќи го рускиот став за тоа како се случила инвазијата на суверената држава.

„Дали знаете како се случи ова со Русија? Но, за ова ве молам за максимална дискреција. Ветувате? (...) Вака беше – во 2014 година во Минск, Белорусија беше потпишан договор меѓу Украина и две новоформирани републики во Донбас за мировен договор за да не се напаѓаат повеќе. Украина го фрла тој договор по ѓаволите една година подоцна и почнува да ги напаѓа границите на двете републики. Двете републики трпат воени загуби кои, ми кажуваат, стигнуваат до 5, 6, 7 илјади мртви. Доаѓа Зеленски, тројно ги засилува нападите на двете републики. Смртните случаи растат“, вели Берлускони во видеото.

Тој отворено вели дека вистинската цел на Путин била да го освои Киев и да го собори Зеленски од власт

Тој продолжува:

„Во очај, двете републики испраќаат делегација во Москва и конечно успеваат да разговараат со Путин. Тие велат: ‘Владимир, не знаеме што да правиме, ти не брани нè’. Тој се спротивставува на овие иницијативи, се спротивставува, трпи силен притисок од цела Русија, а потоа решава да измисли специјална операција - војниците мораа да влезат во Украина, да стигнат до Киев за една недела, да ја соборат владата, Зеленски и да инсталираат влада веќе избрани од украинското малцинство добри и разумни луѓе и уште една недела да се вратат“.

Берлускони отворено вели дека првичната цел на Путин била да влезе во Киев и насилно да ја собори легално избраната влада на Зеленски.

„Влезе во Украина и се најде пред неочекувана и непредвидлива ситуација на отпор од Украинците, на кои од Западот трет ден почнаа да им пристигнуваат пари и оружје. Војната наместо во двонеделна операција, прерасна во двеста и пол годишна војна. Таква е ситуацијата“, рече Берлускони.

„Не гледам како Путин и Зеленски можат да седнат на преговарачка маса. Затоа што не постои можен начин. Зеленски, според мене... заборавете, не можам да кажам...“, се слуша Берлускони на снимката.

Видеото предизвика политичка драма во Италија

Објавувањето на новата снимка вечерва предизвика вистинска политичка драма во Италија.

Зборуваше и идниот премиер Џорџа Мелони, лидер на партијата Италијански браќа.

„Бев, сум и секогаш ќе бидам јасна за една работа. Имам намера да ја водам владата со јасна и недвосмислена надворешнополитичка линија“, рече Мелони и додаде дека Италија е дел од Европа и евроатлантската алијанса.

„Секој што не се согласува со овој камен-темелник нема да може да влезе во владата, по цена на формирање влада. Со нас во владата, Италија никогаш нема да биде слабата алка на Западот или несигурна нација“, рече таа.

Инаку, до овој нов развој на настаните на италијанската политичка сцена, поврзани со Путин и војната во Украина, заменикот на Берлускони во партијата, Антонио Тајани, кој е и поранешен претседател на Европскиот парламент, беше познат како главен кандидат за министер за надворешни работи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе