Сè повеќе републиканци бараат оставка од Трамп

Десет дена пред крајот на неговиот мандат, Доналд Трамп се соочува со сè повеќе повици за оставка, дури и од републиканскиот табор, со цел да се избегне тешка процедура за отповикување среде политичка, здравствена и економска криза.

По републиканските сенатори Бен Сас и Лиса Мурковски, сенаторот Пат Томи во неделата на CNN изјави дека оставката на претседателот ќе биде „најдоброто решение“.

По претседателските избори на 3 ноември на кои загуби, Доналд Трамп „го зафати некакво лудило, ги направи работите целосно незамисливи и непростливи“, додаде тој.

„Најдоброто нешто за единството на земјата ќе биде негова оставка“, изјави за ABC Алан Кицингер, член на Претставничкиот дом и првиот републиканец кој веднаш во четвртокот побара претседателот да биде прогласен за „неподобен“ за вршење на функцијата.

Но, американскиот милијардер не дава ни најмал знак дека е подготвен да поднесе оставка, велат неговите советници, пренесува американскиот печат.

Ненси Пелоси, која најави дека ќе преземе нешто доколку претседателот во заминување не се повлече, го повика нејзиниот табор да се врати во Вашингтон оваа недела за да одлучи како да го санкционира Трамп за насилниот упад во Капитол, за кој рече дека го охрабрил давајќи поддршка.

Во отвореното писмо до пратениците, таа не спомна можно отповикување, но истакна дека „апсолутно е потребно оние што учествуваа во нападот на нашата демократија да одговараат за тоа“.

Обвинението, поднесено од Претставничкиот дом и потпишано од најмалку 200 пратеници, го критикува републиканскиот претседател за „свесно давање изјави“ со кои го поттикна нападот на неговите приврзаници врз зградата на Конгресот во средата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе