Виетнамски студент по архитектура ја направи првата целосно оперативна електрична верзија на Бетмобил во светот.
Неговиот дизајнер Нгујен Дак Чунг ја базираше својата реплика на оригиналниот нацрт за верзијата на Бетмобил Tumbler што беше користена во Бетмен трилогијата на Кристофер Нолан „The Dark Knight“.
Тој и неговиот тим започнале со рамка направена од челик, а потоа создале оклопни панели кои го сочинуваат телото на возилото.
Користена е мешавина од материјали, како што се композит, челик и карбонски влакна. Делови од Бетмобилот се рачно изработени, додека некои се 3D печатени за прецизност.
Електричниот Betmobil тежи помалку од 600 кг и може да достигне брзина до 105 км/ч.
Нгујен, исто така, воведе одржлива технологија во Бетмобилот со интегрирање на електричен мотор и внесувањље дополнителни подобрувања како што се автоматска хидраулична врата контролирана со далечински управувач и 4 камери за гледање од речиси 360°, особено корисни кога се вози по тесни патишта. Возилото исто така има совозачко седиште.
Нему и на тимот му требаа повеќе од 10 месеци да ги изградат рамката и електричните водови, за целото возило да биде завршено по две години. Тој дури мораше да увезе некои делови од САД и Јужна Кореја и да побара помош од тим од дизајнери, архитекти, механичари и инженери за да го заврши проектот.
Бетмобилот е достапен за прегледување исклучиво во галеријата Van Daryl во Хо Ши Мин, Виетнам, каде што можете да се распрашате за купување на ова исклучително возило.
Van Daryl е автомобилска галерија лоцирана во луксузната населба Фу Ми Хунг во градот Хо Ши Мин.
Галеријата е дом на колекција на ретки и футуристички еклектични возила инспирирани од научната фантастика и стрипови.