Шефот на европската дипломатија: Русија лаже за војната и страдањата на Украинците

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја оправда одлуката за забрана на работата на руските државни медиуми во ЕУ бидејќи тие се составен дел од руската агресија против Украина и напорите за распаѓање на Унијата и поткопување на европската демократија.

„Руските државни медиуми и екосистемот околу нив се составен дел од агресијата против Украина“, рече Борел во дебатата во Европскиот парламент за надворешното мешање во демократските процеси во ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во обраќањето до европратениците ги отфрли критиките дека забраната за Russia Today и Sputnik е кршење на правата.

„Тоа не се независни медиуми, туку оружје во екосистемот на манипулација на Кремљ“, нагласи тој. „Русија лаже за војната и страдањата на украинскиот народ“, рече тој.

„Ние не се обидуваме да одлучуваме што е точно, а што не, немаме министерство за вистина, но мораме да се фокусираме на надворешните актери кои намерно и координирано се обидуваат да манипулираат со нашиот информативен простор за свои цели и да ни наштетат“. рече Борел во расправата за извештајот на Специјалниот комитет на Парламентот за надворешно мешање.

Западен Балкан е посебна цел на руската манипулација

Во извештајот, меѓу другото, се предупредува дека Западен Балкан е особено цел на манипулации од Русија и Кина. Русија се обидува да ги искористи тензиите меѓу етничките групи во Западен Балкан за да поттикне конфликти и да ги подели заедниците, што може да го дестабилизира целиот регион, се вели во извештајот.

Загрижувачки се обидите на Православната црква во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а особено во нејзиниот ентитет Република Српска, да ја промовира Русија како заштитник на традиционалните семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата, изјави комисијата на ЕП, предупредува извештајот.

Се изразува и загриженост дека Унгарија и Србија им помагаат на Кина и на Русија во нивните геополитички цели.

Информациите мора да бидат добро заштитени

Борел рече дека ЕУ ги засилила напорите со земјите партнери за борба против мешањето и манипулацијата со информациите, особено во Западен Балкан, кој во моментов е систематски цел на руски и други кампањи.

„Мораме да воведеме битка за информации во нашата надворешна политика. Ќе предложиме механизми кои ќе ни овозможат да ги санкционираме овие злонамерни актери“, рече Борел, истакнувајќи дека демократијата се заснова на информации и дека информациите мора добро да се заштитат.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе