Шефот на СЗО: Се радуваме на соработката со Бајден

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) вчера ги поздрави напорите за зајакнување на меѓународното тело со седиште во Женева преку реформи, додавајќи дека се радува на тесна соработка со администрацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Тедрос Аданом Гебрејесус одржа говор на годишниот министерски состанок на 194-те членки на СЗО во време кога бројот на случаи на новиот коронавирус во светот се приближи на 50 милиони, со 1,2 милиони смртни случаи од COVID-19.

„Ги поздравуваме сите напори за зајакнување на оваа организација, не за нас, туку за доброто на луѓето на кои им служиме“, рече шефот на СЗО.

Тедрос ја повика меѓународната заедница повторно да го открие значењето на заедничката цел и им честиташе на новоизбраниот американски претседател Xо Бајден и неговата заменичка Камала Харис.

„Се радуваме на тесната соработка со администрацијата на Бајден“, рече Тедрос.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го обвини СЗО дека е премногу наклонет кон Кина во врска со справувањето со пандемијата на COVID-19, обвинување што Тедрос постојано го негираше.

Трамп ги замрзна финансиите за СЗО и го започна процесот за напуштање на Организацијата, што треба да се случи следниот јуни. Бајден рече дека ќе ја укине одлуката на Трамп на неговиот прв ден на функцијата.

„Треба да го редефинираме лидерството и да го изградиме на заемна доверба и одговорност за справување со пандемијата и за справување со основните нееднаквости што се основа на многу од светските проблеми“, рече Бајден.

Од друга страна, Тедрос истакна дека вакцините против COVID-19 што се во фаза на развој, мора да бидат дистрибуирани праведно, како „глобално јавно добро, а не приватна стока“.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе