Шест причини зошто треба да јадете банани пред тренинг

А.С.
/ 27.06.2024 / 10:31

Ако сакате да јадете нешто пред тренинг, еден од најдобрите избори може да биде банана.

Ова овошје е погодно за носење со себе кога одите на тренинг, а полно е со есенцијални хранливи материи и извори на енергија.

Бананите се богати со јаглехидрати и калиум, кои помагаат во одржување на енергијата, додека калиумот ја подобрува кондицијата.

Наведуваме шест причини зошто бананите се најдоброто овошје што можете да го консумирате пред тренинг.

Богати се со јаглехидрати

Покрај тоа што се вкусни, бананите се и одличен извор на јаглехидрати кои телото ги разложува на гликоза за енергија. Одржливата енергија што ја добиваме после јадење банани е од суштинско значење за време на тренингот, особено ако правите вежби за издржливост за кои е потребна целата ваша сила.

Висока содржина на калиум

Бананите се одличен извор на калиум, минерал кој игра клучна улога во функционирањето на мускулите и нервните импулси, пренесува Health Shots. Кога тренираме, се потиме, а благодарение на калиумот во бананите, кој го заменува калиумот што го изгубивме со потење, може да спречи грчеви во мускулите и замор.

Лесно се варат

Нутриционистката Сусмита Н. објаснува дека бананите се одличен избор за консумирање пред тренинг бидејќи не се тешки за стомакот и лесно се вари.

„Тоа значи дека нема да чувствувате непријатност во стомакот додека вежбате“, истакнува нутриционистката.

Помагаат во обновувањето на мускулите

Според студијата од 2018 година објавена во списанието PLoS One, бананите можат да помогнат во обновувањето на мускулите после вежбање. Во тоа помагаат благодарение на комбинацијата на јаглехидрати и калиум.

„Исто така, бананите се добар извор на витамин Б6, кој е неопходен за обнова на мускулите после вежбање“, додава нутриционистот.

Извор на влакна и електролити

Бананите содржат големо количество влакна, кои помагаат за бавно и рамномерно ослободување на енергија за време на вежбањето. Плус, бананите се преполни со електролити, минерали кои помагаат да се регулира балансот на течности во вашето тело. Електролитите се губат со потење, а нивното надополнување може да спречи дехидрација и да ги подобри перформансите, пренесува Health Shots.

Помагаат да се намали воспалението

Бананите го намалуваат воспалението на мускулите после тренинг поради присуството на соединенија како феноли, каротеноиди и фитостероли. Јадењето банана пред тренинг помага за бавно и рамномерно ослободување на гликоза од црниот дроб во мускулите поради содржината на влакна. Го намалува периодот на исцрпеност за 10 до 15 проценти.

Како што споменавме порано, бананите содржат калиум, кој е потребен за одржување на доброто здравје на мускулите и мускулната контракција. Нутриционистот истакнува дека „калиумот се губи со потење, а ниското ниво на калиум може да предизвика ненадејни грчеви во мускулите, гадење и абдоминална непријатност. Јадењето банана пред тренинг се грижи за нивото на калиум во телото“, заклучува таа.

Тагови
реклама

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Read more

Што ни носи ретрограден Нептун и за кого ќе биде судбоносен?

Read more

3 вежби за зајакнување на стомачните мускули

Read more

Иран се заканува со тотална војна: Сите опции се на маса

Read more

Фит

3 вежби за зајакнување на стомачните мускули

Read more

Шест причини зошто треба да јадете банани пред тренинг

Read more

Гинеколог советува што да не јадете за да слабеете

Read more

Mилијарди луѓе во ризик од сериозни болести поради физичка неактивност

Read more
 

Магазин

Рани знаци на состојба која ја нарекуваат „тивок убиец“

Читај повеќе

Што ни носи ретрограден Нептун и за кого ќе биде судбоносен?

Читај повеќе

Зошто е важно да пиете кафе ако имате седечка работа?

Читај повеќе
  • play_arrow

3 вежби за зајакнување на стомачните мускули

Читај повеќе

Најдобрата храна богата со масти за слабеење и намалување на холестеролот

Читај повеќе
  • play_arrow

Три грешки поради кои пожолтуваат забите

Читај повеќе

Знаете ли да разликувате топлотна исцрпеност од умор?

Читај повеќе

Јасни знаци дека имате недостаток на витамин Б12

Читај повеќе

5 хороскопски знаци на кои ќе им „процвета“ љубовта во јули 2024

Читај повеќе