Што е Bulletproof кафе и како помага при слабеење?

Bulletproof кафето го популаризира Дејв Аспри, креаторот на истоимената компанија и тврди дека тајната на ефикасноста лежи во високиот процент на масти.

Аспри е автор на четири бестселери на The New York Times, технолошки претприемач, основач на Bulletproof Coffee и поборник на истоимената диета заснована на слични принципи како палео диетата, односно верувањето дека при слабеење помага зголемената консумација на храна со висока содржина на масти.

Освен што помага при слабеење, поддржувачите на оваа диета тврдат дека има и многу други позитивни ефекти врз здравјето - го намалува холестеролот, ја подига енергијата, го балансира производството на хормони и ја подобрува концентрацијата и меморијата. Консумирање кафе наречено Bulletproof (во буквален превод: отпорно на куршуми) во утринските часови дава енергија и издржливост без да го оптоварува желудникот со тешка храна, тврдат заговорниците, а со намален внес на јаглени хидрати телото ги согорува мастите и кетоните, што на крајот помага да се изгубат вишокот килограми.

Што всушност е Bulletproof кафе?

На наједноставен начин објаснето, Bulletproof кафе е обично кафе со додаток на путер. Иако Bulletproof Coffee произведе и популаризираше сопствено кафе подготвено со MCT масло и Ghee путер, во принцип секој може да го подготви така што ќе го подготви кафето што вообичаено го пие, ќе го истури во блендер, ќе додаде една лажичка кокосово масло и една лажичка домашен путер и сè убаво ќе измеша. Количината на кокосово масло и путер може да се зголеми и намали во зависност од личните преференци за вкус и јачина.

Според Bulletproof диетата, Bulletproof кафето е замена за појадок, кое благодарение на своите 400 калории дава доволно енергија до ручек, кој, исто како и вечерата, треба да се состои од висок внес на масти, умерен внес на висококвалитетни протеини и органски зеленчук. Ручекот треба да се јаде во 14 часот, вечерата најдоцна во 20 часот, а придржувањето до овој режим наводно резултира со губење до 0,5 килограми дневно.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе