Што сѐ се внесува во организмот со една конзерва сардини?

Сардините се преполни со важни хранливи материи, што ги прави врвен извор на храна. Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се многу моќни чувари на здравјето.

Повеќето од нас се сеќаваат да ја вклучат рибата во исхраната само за време на некој пост, иако тоа е голема грешка. Нутриционистите нагласуваат колку е корисна за нашето здравје и дека би било добро барем двапати неделно да се најде на нашата трпеза.

Доколку се консумираат редовно, можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а д-р Џош Акс ги објаснува сите придобивки од сардината.

Една порција сардина од околу 75 грама содржи приближно:

  • 191 калорија
  • 22,7 грама протеини
  • 10,5 грама масти
  • 8,2 микрограми витамин Б12
  • 48,5 микрограми селен
  • 250 единици витамин Д
  • 451 милиграм фосфор
  • 351 милиграм калциум
  • 4,8 милиграми ниацин
  • 2,7 милиграми железо
  • 365 милиграми калиум
  • 35,9 милиграми магнезиум
  • 0,2 милиграма бакар
  • 1,9 милиграми витамин Е
  • 0,2 милиграма витамин Б6
  • 1,2 милиграми цинк

Еве ги сите позитивни ефекти што ги има врз здравјето:

1. Богати се со омега-3 масни киселини

Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA, два вида есенцијални масни киселини кои телото ги користи за намалување на воспалението, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести.

Јадењето храна како сардина која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекувањето на нарушувања на расположението како депресија и анксиозност, покажуваат студиите.

Тие имаат корисен ефект врз здравјето на срцето, а докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди.

2. Го штитат здравјето на коските

Поради високата количина на калциум, сардините можат да ви помогнат да го одржите здравјето на коските.

3. Го штитат здравјето на тироидната жлезда

Селенот и јодот се во синергија и се основниот состав на сардината. Селенот е неопходен за добро функционирање на тироидната жлезда.

4. Го обезбедуваат телото со доволна количина на витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика симптоми како што се оштетување на нервите, нарушена ментална функција, тешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор. Со редовно консумирање сардини ќе го замените недостатокот на овој витамин кој е клучен за правилно функционирање на целото тело.

5. Го намалуваат апетитот

Се работи за многу хранлива храна која ќе ви овозможи чувство на ситост и до неколку часа.

6. Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Сардините се полни со здрави масти и протеини, кои делуваат на забавување на апсорпцијата на шеќер во крвта. Комбинирањето на храна богата со протеини и масти, како што се сардините, со јаглехидрати, може да го забави ослободувањето на гликоза (шеќер) во крвта, помагајќи при нагли осцилации на шеќерот.

Јадењето сардини е особено важно за луѓето кои имаат дијабетес, метаболички синдром или други состојби поврзани со отпорност на инсулин.

7. Го подобруваат изгледот на кожата

Масните киселини од сардината играат голема улога за здравјето на кожата. Ги ублажуваат воспалителните процеси на кожата и ѝ даваат здрав сјај.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Здравје

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Read more

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Read more

Како вечерањето доцна влијае на крвниот притисок?

Read more

Што треба да јадете почесто наместо да се „клукате“ со суплементи?

Read more

Магазин

  • play_arrow

10 места што биле испразнети и напуштени преку ноќ

Читај повеќе

Што да направите во септември за вашите хортензии да цветаат бујно следната година?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Крем супа од тиквички

Читај повеќе

Како Меркур во Вага ќе влијае на секој хороскопски знак од 10 до 30 септември?

Читај повеќе

Што се случува во телото кога редовно јадете грав? 

Читај повеќе

Зошто Италијанците го пијат утринското кафе „од нога“?

Читај повеќе

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Читај повеќе

Дали кафето навистина ви помага да се разбудите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се движите повеќе после јадење?

Читај повеќе