Сите живееме во 2024, само Ноле во 7533 година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со своите постапки редовно го привлекува вниманието на светската јавност, а така беше и денеска кога објави интересна објава на Instagram.

Ѓоковиќ на Instagram ја честиташе „7533-та српска година“ што предизвика одушевување кај многу фанови, но медиумите во Србија се обидоа да разјаснат дека Ѓоковиќ алудирал на „стариот српски календар“.

Тие наведуваат дека нивните предци се воделе по тој календар повеќе од седум милениуми, а неговата употреба престанала со усвојувањето на јулијанскиот календар од црквата и усвојувањето на Грегоријанскиот календар од страна на државата.

Тој наводен календар за првата година го зема претпоставениот крај на библискиот потоп, околу 5509 година п.н.е.

Очигледно по тоа се води најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ кој во моментов се подготвува за настап на Мастерсот во Монте Карло. Овој турнир е на распоред од следната недела, а на него српскиот тенисер ќе бара враќање во вистинската форма по лошиот старт на сезоната.

Во тековната сезона Ѓоковиќ се уште нема освоено ниту еден турнир, неодамна отпадна на стартот на Мастерсот во американскиот Индијан Велс, а минатата недела раскина со тренерот Горан Иванишевиќ.

реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Тенис

Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Read more

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Read more

Посебен трофеј за посебен човек

Read more

Надал се расплака на збогувањето од Ролан Гарос, го испратија најголемите

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе