Со мајагери старт покоси двајца - црвен картон е малку за ваков фаул

На фудбалски натпревар во Хондурас се случи еден од најбруталните стартови кои сме ги виделе на зелениот терен во последните години, а го направи дефанзивецот Андре Орељана, кој сосема заслужено доби директен црвен картон.

Имено, се играше 89. минута од натпреварот синоќа помеѓу два од најпознатите хондурански клубови Маратон и Олимпиа, кога Орељана, јасно свесен што ќе направи, буквално полета во правец на двајца противнички играчи, а потоа ги покоси и двајцата, сигурно нанесувајќи им повреди и целосно заслужено доби црвен картон.

Тамошните медиуми пишуваат дека ќе биде многу интересно да се види каква последователна казна ќе добие овој играч, особено што се работи за непромислен потег што се коси со здравиот разум, а за ваквите потези прописите налагаат суспензијата да биде многу остра, со цел да не се повторуваат исти или слични прекршоци.

Инаку, треба да се каже дека се се случи во самиот финиш на натпреварот на кој на гостинската Олимпиа имаше водство од 1:0. Стрелец на единствениот гол за победа беше Кевин Лопес во 85. минута.

Remote video URL

Да додадеме уште дека Орељана од претходно е познат како пргав играч, а четирите натпревари пред овој ги заврши со жолт картон.

По 8 кола Олимпиа е лидер на табелата со 17 бодови, додека Маратон е на 6. место со 10. Инаку, Олимпиа е најтрофеен клуб во хондуранската лига со дури 36 титули, додека Маратон има 9. Во главната четворка се и Мотагуа со 18 и Реал Еспања со 12. Бранител на титулата е Олимпиа.

Тагови
реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Фудбал

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Read more

Интервју по натпревар

Read more

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Read more

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Интервју по натпревар

Читај повеќе

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Читај повеќе

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Читај повеќе
  • play_arrow

Анчелоти самокритичен: Поразот од Атлетико е само моја вина

Читај повеќе
  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе