Тајсон за смртта на мајка му: Една од најдобрите работи што ми се случи

Легендарниот американски боксер Mајк Тајсон во разговор со Шенон Шарп во подкаст за Club Shay Shay зборуваше за неговото тешко детство и ја спомена смртта на мајка му Лорна, како пресврт во кариерата, пишува Fox Sport.

Познато е дека Тајсон имал многу тешко детство, а одговорите на прашањата поврзани со неговата мајка ги шокира фановите. Тој вели дека можеби нема да станал тоа што е ако искусил нормално детство.

„Знаете, една од најдобрите работи што ми се случија е смртта на мајка ми. Во спротивно, би бил како бебе, никогаш не ми учествувал во улична тепачка, не би научил да се борам за себе. Таа има направено многу, секогаш доаѓаше да ме вади надвор од полициските станици. Ме тепаше пред полицијата. Ме сакаше, но беше и агресивна. Никогаш не си го среди својот живот, никогаш не работеше. Не се плашеше да ме тепа, да ме удира со што било. Пиеше многу алкохол, имаше момчиња. Се случуваше и нејзиното момче да дојде пијано, па јас му ги сечев џебовите и му ги крадев парите“, раскажа Тајсон.

Тајсон се издигна од уличен тепач во Њујорк до најмладиот шампион во тешка категорија на возраст од 20 години. Човекот, кој има победено со 44 нокаути во 58 професионални борби, вели дека смртта на мајка му го овозможила сето тоа.

Мајка му починала кога тој имал 16 години, оставајќи го под грижа на бокс тренер кој станал негов легален старател. Тајсон вели дека Кас Д'Амато е заслужен за тоа што станал шампион.

Remote video URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе