На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од татко како држи пиво додека неговиот млад син лета со нивниот авион – не многу време пред да загинат во несреќата.
Гарон Маја (42) и неговиот син Франсиску (11) загинале кога нивниот приватен авион се урнал во прашума во Бразил на 29 јули.
Сопругата на Маја, Ана Придоник, наводно си го одзела животот само неколку часа откако нејзиниот сопруг и посинокот биле погребани на 1 август.
Бразилската полиција истражува како постапките на таткото придонеле за фаталната несреќа на авионот.
Не е јасно кога Маја ја снимил снимката како пие пиво, но тој може да се види на копилотското седиште додека неговиот син управува со авионот од 900.000 фунти.
Тој наводно планирал да лета со Франсиску над илјада милји назад кај неговата мајка во Кампу Гранџи, Мату Гросу ду Сул, пишува Daily Mail.
Авионот повторно полетал во 17:30 часот и наводно се урнал осум минути подоцна, исчезнувајќи од радарите.