Трагедијата во Бугарија - најтешка автобуска несреќа на деценијата во Европа

Денешната автобуска несреќа кај селото Боснек во соседна Бугарија, во која загинаа 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија, пишува France-Presse.

Француската новинска агенција направи преглед на најтрагичните автобуски несреќи кои во последните 10 години се случиле на Стариот континент. На врвот е токму последната, односно македонскиот автобус на Беса Транс.

2021: Катастрофа во Бугарија

Бугарија: Дури 46 лица, меѓу кои 12 малолетни, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на Северна Македонија, Скопје.

2019: Португалија и Русија

Португалија: 29 германски туристи загинаа кога нивниот автобус излета од патот кон ресторан на планинскиот остров Мадејра на 18 април.

Русија: Автобус падна од мост во замрзна река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.

2018: Турција и Бугарија

Турција: 17 мигранти кои нелегално се превезувале преку Турција загинаа, а 36 беа повредени кога нивниот автобус се запали откако удри во столб на 29 март во близина на Карс во источниот дел на земјата. Повеќето од нив беа Иранци, Авганистанци и Пакистанци.

Бугарија: 20 аџии загинаа откако нивниот автобус се преврте во услови на силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир на 25 август.

2017: Германија, Италија и Русија

Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога на 3 јули нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија.

Италија: 16 лица, главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција, загинаа на 21 јануари кога нивниот автобус се запали по несреќа во близина на градот Верона.

Русија: 16 лица загинаа кога на 6 октомври воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва.

2015: Најтешка несреќа во последните 30 години

Франција: Во најтешката француска сообраќајна несреќа во последните три децении, 43 лица загинаа кога автобус со членови на пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пусеген во југозападниот дел на земјата на 23 октомври.

2014: Експлозија на цистерна

Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22 јули, при што загинаа 26 лица во двата автобуса кои минуваа и кои ги зафати пламенот.

Уште 21 лице загина во централна Турција во текот на ноќта на 23 јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнат пат.

2012: Загинаа 22 деца

Швајцарија: 28 лица, меѓу кои 22 деца, загинаа на 13 март во несреќа во Сјер, Јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од скијање.

2011: Загинаа ученици во Турција

Турција: 25 лица, главно ученици, загинаа кога на 21 декември камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир.

реклама

Свет

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе