Трамп: Јас го предложив лекот за корона, затоа го одбиваат

Американскиот претседател Доналд Трамп уште ја брани и промовира употребата на хидрохлороксин како лек за коронавирус, наспроти препораките на здравствените експерти од неговата администрација.

Тој тврди дека лекот за маларија бил одбиен како терапија за COVID-19 само бидејќи тој го предложил.

Неговите коментари следат откако Twitter го банираше неговиот најстар син за објава на видеоклип во кој се промовира хидрохлоксинот како терапија за коронавирус.

Нема докази дека лекот е ефикасен против овој вирус, а регулаторните тела предупредуваат дека може да предизвика проблеми со срцето, особено ако се зема на своја рака.

Минатиот месец, Службата за безбедност на храна и лекови (FDA) предупреди да не се користи лекот како терапија за коронавирусот, откако биле забележани „сериозни проблеми со аритмија“ и други проблеми со срцето кај пациенти со COVID-19.

FDA исто така ја повлече издадената дозвола за користење на лекот за COVID-19 пациенти во итни случаи во болнички услови. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „во моментов нема доказ“ дека хидрохлороксинт е ефикасна терапија за спречување на COVID-19.

Трамп (74) почна со промовирање на лекот во март и два месеца подоцна ги изненади новинарите кога на прес-конференција рече дека почнал на своја рака да го зема недокажаниот лек како превентивна терапија за коронавирус.

Американскиот претседател вчера имаше нова „мудрост“ за новинарите пред Белата куќа:

„Можам само да кажам дека од моја гледна точка, базирано на многу читање и многу знаење на оваа тема, сметам дека лекот може да има многу позитивно дејство во раните фази на болеста. Мислам дека нема што да изгубите ако го земате, освен што од политички аспект не е популарно“, рече Трамп и додаде:

„Кога јас ќе препорачам нешто, тогаш велат ‘не го користете’“.

Цензура или здрав разум?

Претседателот Трамп и син му Доналд Трамп Џуниор беа дел од корисниците на социјалните мрежи кои завчера го споделија видеото на групата America's Frontline Doctors која го промовира лекот хидрохлороксин како терапија за COVID-19.

Facebook и Twitter ја отстранија оваа содржина и ја означија како дезинформација, но не пред да стане вирално - повеќе од 17 милиони луѓе веќе го имаа погледнато видеото.

Twitter исто така му изрече забрана за објавување на Трамп Џуниор во траење од 12 часа, како казна за објавувањето на видеото.

Во видеото, д-р Стела Имануел од Хјустон вели дека успешно излекувала „најмалку 350 пациенти со коронавирус“ со хидрохлороксин како терапија.

Трамп вчера рече дека според него ова се многу угледни доктори.

„Имаше меѓу нив една жена која беше спектакуларна во нејзините изјави“.

Според весникот Daily Beast, д-р Имануел претходно имала изјавено дека „оваа Влада ја водат рептили“, како и дека научниците „правеле вакцини за да ги спречат луѓето да бидат религиозни“, како и други бизарни изјави. Таа во избришаното видео исто така вели дека „не мора да се носат маски“.

Симон Голд, основач на America's Frontline Doctors, ги обвини социјалните мрежи за цензура поради отстранувањето на видеото.

„Треба да се дебатира за различните опции за терапија за COVID-19, нашите колеги во медицинската сфера треба да зборуваат за тоа. А не тоа да се цензурира и замолчува“, објави таа на Twitter.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе