Три грешки што ги правиме кога ќе се вратиме на работа после одмор

Целта на годишните одмори и продолжените викенди е токму таа: да одморите и да паузирате, со надеж дека нема да се будите во паника да проверувате мејл на телефон и да се прашувате која година е и дали доцните на работа.

Иако „исклучувањето“ е супер и треба да го направите тоа за да се вратите свежи и одморени на работа, треба сепак да имате на ум дека после продолжениот празничен викенд или годишниот одмор треба да се вратите на работа и повторно да давате 100%.

Тоа значи да внимавате да не ги направите овие најчести грешки што ги прават луѓето кога ќе се вратат од одмор:

Се враќате без план

Ако се вратите на работното место по одредена пауза, може да ве фати паника кога ќе почне лавината од обврски. Тоа не значи дека треба да се опседнувате што се случува на работа додека ве нема, но не чекајте да седнете во биро за да се „вклучите“ повторно во системот. Можеби не ви се чини како голема работа, но доволно е да си подготвите што ќе носите на работа следниот ден, да ги прочитате последните извештаи и да го проверите работниот план барем ден претходно и да си дадете самите две задачи што ќе ги направите првиот ден назад на работа.

Ве фаќа пост-одморска депресија

Враќањето „во реалноста“ може да биде потешко од од обично враќање на работа во понеделник. Краткиот одмор околу празниците обично најтешко им паѓа на луѓето бидејќи не се одмораат, туку тие денови ги поминуваат во забави, седенки и семејни средби. Затоа кога ќе се вратите на работа се чувствувате уште поуморни и се прекорувате зошто не го потрошивте времето попаметно.  Летниот одмор, пак, се чини дека минува за миг... Сепак, вие сте возрасна личност и знаете дека не може да го вратите времето назад, туку да се стегнете и да се вратите во колосек.

Погрешни претпоставки

Има два типа на погрешни претпоставки во оваа ситуација. Првата е дека се убедувате дека глатко ќе се вратите назад „во шема“, но да не се лажеме, светот не стоеше во место додека вие бевте на одмор (дури и ако целата компанија била на продолжен викенд или колективен одмор); a втората е да претпоставите дека сите ќе се вратат од одмор свежи и навистина одморени. Можеби вие се освеживте со одмор на плажа или на планина, но тоа не значи дека и колегите поминале исто како вас. Не претерувајте со фалби колку добро сте си поминале на одмор и не му се качувајте на глава на колегата кој не сака да зборува за тоа.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе