НБА 2021/22

Трипл-дабл со 49 поени на Јокиќ и неверојатна асистенција за победа по продолженија

Најдобриот кошаркар во НБА лигата за минатата сезона игра уште подобро во новава. Никола Јокиќ беше централната фигура и на натпреварот кој Денвер Нагетс го одиграа против Лос Анџелес Клиперс, а за оваа негова игра во наредните денови ќе зборува цела Америка.

Постигна 49 поени, оствари трипл-дабл учинок и беше асистент во решавачката тројка на својот тим, онаа за победа по продолжение. Тоа беше додавање што е реткост дури и во НБА, бидејќи Јокиќ веројатно беше единствениот во салата кој сфати како треба да ја испрати топката до Гордон.

Кога беше удвоен, а времето истекуваше, Јокиќ ја исфрли дијагонала во самиот агол од теренот, каде Арон Гордон беше подготвен да шутира тројка. Погоди и донесе победа, но тоа немаше да се случи доколку Србинот немаше своја вечер во НБА.

Јокиќ натпреварот го заврши со 49 поени, 14 асистенции и 10 скока, а имаше и три украдени топки за 41 минута на паркетот. Беше блиску до својот рекорд во постигнати поени, но поради победата над Клиперс веројатно нема да му биде жал што не го достигна.

Ова беше деветти трипл-дабл за Јокиќ сезонава, кој сега на вечната листа го надмина Џејмс Харден. Моментално ги има 66, а следна цел е легендарниот Вилт Чембрлен кој е на 6. место на историската листа со 78 вакви ефекти.

Инаку, натпреварот во Колорадо беше исклучително интересен бидејќи Нагетс успеаја да ја надополнат предноста на Клиперс од 8 поени на крајот од регуларниот дел, а потоа стигнаа до целосен пресврт по продолжение. Тоа беше трет триумф во последните четири натпревари за тимот на Јокиќ, па може да се каже дека резултатската криза е завршена.

Погледнете ја асистенцијата на Јокиќ за победа:

URL

Покрај Јокиќ кој постигна 49 поени и имаше трипл-дабл, кај Денвер се истакнаа Гордон со 28 поени, Монте Морис кој додаде 18 и Џеф Грин со 12. Кај поразениот тим најдобар беше хрватскиот центар Ивица Зубац со 32 поена, додека Реџи Џексон постигна 28.

Remote video URL

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Орландо Меџик 123:110
Вашингтон Визардс - Бруклин Нетс 118:119
Атланта Хокс - Минесота Тимбервулвс 134:122
Бостон Селтикс - Шарлот Хорнетс 102:111
Мајами Хит - Портланд Треил Блејзерс 104:92
Чикаго Булс - Кливленд Кавалирс 117:104
Милвоки Бакс - Мемфис Гризлис 126:114
Далас Маверикс - Торонто Репторс 102:98
Сан Антонио Спарс - Оклахома Сити Тандер 118:96
Јута Џез - Хјустон Рокитс 111:116
Денвер Нагетс - Лос Анџелес Клиперс 130:128
(прод.)
Сакраменто Кингс - Детроит Пистонс 131:133
Лос Анџелес Лејкерс - Индијана Пејсерс 104:111

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе