УЕФА: Пресудата не значи одобрување на таканаречената Суперлига

Макфакс/Кајгана
/ 21.12.2023 / 14:37

Во Нион, каде се наоѓа куќата на Европската фудбалска унија (УЕФА), нема загриженост од одлуката на Европскиот суд на правдата, кој претпладнево пресуди во корист на Суперлигата. Во УЕФА се уверени дека нивните нови правила се во согласност со европското право.

Прописите со кои им се забранува на клубовите да основаат и да учествуваат во Суперлигата се прогласени за незаконски, но УЕФА не се откажува.

„Оваа пресуда не значи одобрување на таканаречената Суперлига. Напротив, ја истакнува веќе постоечката празнина во регулативите на УЕФА, технички аспект кој веќе е препознаен и коригиран во јуни 2022 година со нови текстови“, се вели во соопштението на УЕФА.

Прописите на Европската фудбалска унија (УЕФА) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со кои се забранува влез на клубови во Суперлигата се незаконски, одлучи денеска Европскиот суд на правдата.

Случајот беше сослушан минатата година пред Европскиот суд на правдата, откако Суперлигата пропадна помалку од 48 часа по нејзиното лансирање во април 2021 година, по остри критики од навивачите, јавноста и бројни клубови.

Европската Суперлига е проект кој 12 клуба го започнаа во април 2021 година, но поради критиките од јавноста, 9 клуба (Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Интер, Милан и Атлетико) веднаш го напуштија натпреварувањето, а од оваа година и Јувентус. Верни на идејата останаа само Реал Мадрид и Барселона.

А22, компанијата која стои зад формирањето на новото натпреварување, потоа ги тужеше УЕФА и ФИФА за кршење на законот за натпреварување и злоупотреба на доминантната позиција.

Судот денеска пресуди дека правилата на УЕФА се во спротивност со европското право за конкуренција, бидејќи тие не се регулирани со „никакви критериуми што ќе обезбедат нивна транспарентност, објективност и недискриминација“.

Сепак, УЕФА верува дека во меѓувреме ја пополнила празнината, откако минатото лето усвои регулатива на 24 страници која предвидува систем за овластување за „меѓународните клупски натпреварувања“.

Европската куќа на фудбалот „останува решена да ја брани пирамидата на европскиот фудбал, заедно со националните федерации, лигите, клубовите, навивачите, играчите, тренерите, институциите на ЕУ, владите и партнерите“, се додава во соопштението.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе