Постојат одредени карактеристики кои се поврзуваат со крвната група, а кои имаат влијание врз љубовниот живот, односно како мажите и жените се однесуваат кога станува збор за сексот.

Истражување од 2017 година покажа дека мажите со крвна група А, Б и АБ се изложени четири пати повеќе на ризик да страдаат од импотенција или еректилна дисфункција, за разлика од мажите со О крвна група, пренесе Daily Mail.
Студијата е направена од тим истражувачи од Универзитетот Орду во Турција и сугерира дека многумина се изложени на ризик од проблеми со ерекцијата само поради крвната група. Резултатите се објавени во Archives of Italian Urology and Andrology.
Што друго открива крвната група, кои луѓе важат за најстрасни?
Мажите со крвна група А се трпеливи, романтични и смирени. Тие се срамежливи и неодлучни и скоро секогаш ја поистоветуваат љубовта со сексот. Најчесто се нежни и внимателни љубовници со бујна сексуална фантазија, но се воздржуваат да ја исполнат во реалноста. Понекогаш им е потребен алкохол за да се опуштат.
Жените со крвна група А се насочени кон домот, а сексот не им е многу битен. Повеќе вложуваат односот со партнерот да биде изграден на доверба, разбирање и хармонија. Најчесто се пасивни љубовници, незаинтересирани за експериментирање. Но, ако се со вистинскиот маж, ќе ослободат вистински вулкан во себе кој ќе еруптира од страст.
Мажите со крвна група Б се независни, таинствени и слободни кон сексот. Интимните односи за нив не се поврзани со љубовта и бракот. Лесно влегуваат во кратки врски и сакаат жени со слични сфаќања. Сексот за нив е чиста разонода.
Жените со крвна група Б се избирливи и потешко ги менуваат партнерите. Ако се мажени, сакаат хармонија и комфор. Ако се сами, флертуваат без обврски чисто од забава. Не му придаваат значење на сексот.

Мажите со крвна група АБ се големи љубовници кои уживаат во сексот. Малкумина од нив влегуваат во брак, скоро невозможно им е да ја држат нивната страст под контрола. Сексот и заведувањето за нив е уметност. Имаат магнетна привлечност и жените буквално им паѓаат под нозе. Ако стапат во брак, играта се менува. Не очекуваат од партнерката постојано да бидат задоволени, не се женат поради секс.
Жените со крвна група АБ се неодлучни. Уживаат да се грижат за партнерот, сакаат љубов и нежност. Убавините на сексот ги откриваат подоцна во животот поради што многу повеќе уживаат во него. Лесно постигнуваат оргазам и не им е неопходен вешт љубовник. Подеднакво уживаат и во нежен и во груб секс.
Мажите со крвна група 0 имаат силна сексуална енергија. Тие се активни и страсни љубовници кои се во состојба да ја бркаат жената која им се допаѓа до бесконечност. Играта се менува кога ќе ја освојат, интересот се губи и бараат нов предизвик. Често имаат колекција на порнографски списанија и филмови и постојано размислуваат на секс.
Жените со крвна група 0 се страсни и способни да освојат секого. Во кревет им е потребен страстен партнер кој нема да се воздржува. Мажите кои се женат со овие жени ќе уживаат во целосна верност и посветеност. Овие жени се способни да го контролираат своето либидо и затоа е тешко да бидат заведени.