Вечна дилема: Неколку разлики меѓу јогурт и кефир

Дури и ако не сте премногу заинтересирани за здрава исхрана, сигурно веќе сте слушнале за важноста од консумирање храна богата со пробиотици.

Пробиотиците се добри за цревата, а нивните придобивки се моментални (како што се добро варење и поддршка на имунолошкиот систем) и долгорочни (штитат од когнитивен пад). Две намирници кои се богати со пробиотици се кефирот и јогуртот.

Диететичарката Андреа Матис во интервју за Well and Good ја објасни разликата меѓу нив, но и даде свое мислење која од нив е вистинското пробиотско богатство. Односно, кој би победил на ова натпреварување.

При споредбата на двата ферментирани млечни производи, Матис истакнува дека прво е корисно да се знае точно што се и како се направени. Таа објаснува дека иако кефирот и јогуртот се ферментираат од млеко, јогуртот се ферментира исклучиво со бактерии, додека кефирот се ферментира и со бактерии и со квасец.

Кога станува збор за јогуртот, процесот вклучува загревање на млекото, додавање жива култура (која содржи бактерии), оставање јогуртот да се стегне, и ладење. За да направите кефир, потребни ви се зрна кефир кои содржат и бактерии и квасец. Откако ќе додадете лажичка кефир во шолја млеко, покријте го и оставете го да отстои 24 часа, а потоа го имате вашиот кефир.

„Разликата во начинот на кој се прави ги менува и вкусот и текстурата“, вели Матис: „Јогуртот е погуст и кремаст, додека кефирот е потечен“.

Што се однесува до вкусот, тој вели дека квасецот во кефирот дава малку посилен вкус од јогуртот, кој има поблаг вкус.

Бидејќи се разликуваат по текстура и вкус, Матис вели дека се разликува и начинот на кој се користат.

„Кефирот е пробиотски пијалак што можете да го пиете додека сте во движење, додека јогуртот е нешто што обично го јадете со лажица“, вели таа. „Исто така, јогуртот почесто се користи во готвењето како замена за путер или масло. Тој е особено ефикасен во печива бидејќи обезбедува влага“.

Користењето на кефир во готвењето, објаснува Матис, нема да делува добро бидејќи е премногу воден и повеќе би го променил вкусот.

Што се однесува до нутритивните состојки, Матис вели дека тие имаат некои предности кои се преклопуваат, но има и други особини кои ги издвојуваат.

„Двата се добри извори на протеини“, вели таа: „Ако затоа барате кефир или јогурт, јас само би одел со оној што е подобар за вас во однос на вкусот и текстурата, бидејќи и двата се богати со хранливи материи“.

Обичниот кефир има 8 грама протеини по чаша, а обичниот јогурт во просек изнесува 6 грама по порција. И кефирот и јогуртот имаат слична количина на јаглени хидрати.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе