Велика Британија воведе нови санкции на Русите, на удар и поќерката на Сергеј Лавров

Б.С.Б.
/ 24.03.2022 / 12:15

Велика Британија воведе 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Покрај Вагнер групата, платениците кои рускиот претседател Владимир Путин наводно ги ангажирал за да го убијат неговиот украински колега, Володимир Зеленски, меѓу нив е и државната компанија Руски железници, пренесе BBC.

Досега, Велика Британија воведе санкции против повеќе од 1.000 руски правни и приватни лица.

Меѓу новите компании, воведени се и санкции против Алфа Банк и Газпромбанк. На листата за санкции се најдоа и шефот на управниот одбор на Сбербанк и поќерката на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според BBC, меѓу санкционираните е градоначалничката на украинскиот град Мелитопол, Галина Данилченко, која е поставена на позицијата од страна на Русија. Како што нагласува медиумот, според британската Влада, ова е првпат Велика Британија да санкционира лице за соработка со руските сили, a се наоѓа во Украина.

„Овие олигарси, компании и платеници се учесници во убиства на невини цивили и за тоа треба да платат. Путин не треба да има илузии, ние сме обединети со нашите сојузници и ќе продолжиме да ја стегаме руската економија за да го обезбедиме неговиот неуспех во Украина. Нема да попуштиме“, изјави Лис Трис, британската министерка за надворешни работи.

Британскиот премиер Борис Џонсон денес на самитот во Брисел изјави дека Велика Британија ќе воведе санкции за Вагнер групата.

„Мора да ја зголемиме нашата поддршка, мора да го стегнеме економскиот обрач околу Путин, мора да ги санкционираме овие луѓе. Да ја санкционираме Вагнер групата“, изјави тој.

Вагнер Групата е приватна милиција која, според пишувањето на Times, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други функционери на украинската Влада, со цел Москва полесно да ја заземе контролата над Киев.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе