Одличниот холандски возач Макс Верстапен продолжи да доминира во Формула 1 шампионатот и утрово во Лас Вегас стигна до својата 18-та сезонска победа.

Утринава Верстапен стартуваше од второто место, но уште на стартот многу го притисна Шарл Леклер и го претекна во првиот свиок.
Сепак, во шестиот круг Луис Хамилтон и Карлос Саинс се судрија, а потоа Ландо Норис заврши во бариерите и управата на трката одлучи по излегувањето на безбедносното возило да има повторен старт.
Верстапен се задржа на првото место, но набрзо доби казна од 5 секунди затоа што го турна Леклер од патеката на првиот старт.
После тоа, Верстапен го бркаше своето место на врвот во поредокот, а тоа што имаше инцидент со Џорџ Расел во 26. круг не го спречи да дојде до победа на крајот.
Верстапен го престигна Леклер во 39. круг од можни 50 и тоа беше крај на трката што се однесува до борбата за победа. Леклер го освои второто место откако го престигна Серхио Перес (3.) во последниот круг.
Естебан Окон, Ленс Строл, Карлос Саинс, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри завршија во првите десет зад нив.
Последната трка од сезоната се вози во Абу Даби следната недела.