Во Помпеја откопана античка римска кочија

Интересно откритие направија италијанските археолози работејќи во познатиот антички град Помпеја кого го уништила вулканска ерупција.

Во 79 година Помпеја доживеала катастрофа од невидени размери кога еруптирал вулканот Везув и го затрупал градот со жешка лава и големо количество пепел.

1942 години подоцна, археолозите и натаму откопуваат интересни работи од овој град кој поради начинот на кој бил уништен нуди одлични услови за поглед во минатото.

Деновиве, италијански тим на археолози откри кочија направена од железо, бронза и калај. Кочијата сѐ уште не е целосно извадена, но забрзано се работи на неа.

Кочијата била пронајдена во таканречениот археолошки парк веднаш надвор од градските ѕидини. Според зборовите на археолозите, се работи за одлично сочуван предмет.

„Помпеја продолжува да нѐ изненадува со откритија и тоа ќе продолжи уште некои дваесетина години бидејќи има околу 20 хектари кои допрва треба да бидат истражени. Најмногу од сѐ, ни покажува дека ова место може да се подобри и да привлече туристи од целиот свет“, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини.

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Што носи транзитот на Венера во Скорпија на 13 октомври за секој хороскопски знак?

Read more

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Read more

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Read more

Чек дис аут

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Како да ја научите мачката да не турка предмети од маса?

Read more

Дали водата навистина помага при мамурлак?

Read more

Мотивација во теретана

Read more
 

Магазин

Несакани ефекти што се јавуваат ако не пиете доволно вода

Читај повеќе

Дали е поздраво да се пржи на маст или на масло?

Читај повеќе

Што носи транзитот на Венера во Скорпија на 13 октомври за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Во која храна го има клучниот минерал кој ви е потребен во есен?

Читај повеќе

Која крвна група е поврзана со поголем ризик од ран мозочен удар?

Читај повеќе

Утринската кашлица може да биде знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Што треба да јадете за слабеење ако имате над 40 години?

Читај повеќе

Три знаци во ушите кои можe да сигнализираат смртоносна болест

Читај повеќе

Како шетањето во природа може да ви помогне да се откажете од пушењето?

Читај повеќе