Ѕаниоло опериран, настапот на ЕУРО неизвесен

Младата ѕвезда на Рома беше успешно опериран откако ги скина лигаментите при еден фаул играјќи против Јувентус, но прашање е дали ќе се опорави навреме за настап на ЕУРО 2020.

За Николо Ѕаниоло сезоната во Серија А е завршена. За 20-годишниот офанзивен играч од средниот ред на Рома повредата е големо разочарување бидејќи доаѓа во година кога треба да го направи своето деби на едно големо натпреварување, Европското првенство.

Ѕаниоло ги скина вкрстените лигаменти на десното колено при еден слалом низ одбраната на Јувентус во недела вечер кога за да го спречат играчите на „Старата дама“ мораа да го срушат.

Според лекарот на Рома, Андреа Каузарано, младиот талент ќе се врати посилен: „Николо ќе се врати посилен отколку што беше. Најважно е рехабилитацијата да почне што е можно побрзо, иако потоа не би можеле да дадеме точно предвидување кога би се вратил во игра“.

Сепак, обично ваквите повреди бараат рехабилитација од 5 до 6 месеци. Бидејќи се работи за многу млад спортист, надежите на „Аѕурите“ се дека Ѕаниоло ќе успее да се опорави за 4 до 5 месеци.

Иако само 20-годишен, Ѕаниоло веќе стана важен дел од репрезентацијата на Италија и можното неиграње на ЕУРО ќе значи сериозни проблеми за селекторот Роберто Манчини. Дури и да се врати на време, прашање е во каква форма ќе биде за да ја направи потребната разлика на континенталниот собир.

Колку Италијанците се загрижени говори и фактот што денеска во болницата Вила Стуарт, специјализирана за повреди од ваков тим, дојде и претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.

„Добар е, веќе има мал напредок, се работи за неговиот морал. Свесен е за тоа колку неговото опоравување е значајно за нашата репрезентација и тоа му дава сила да се опорави побрзо. Ќе се грижиме за него бидејќи репрезентацијата има потреба од Николо Ѕаниоло, а италијанскиот фудбал има потреба до максимум да го искористи овој огромен талент“, рече Гравина.

Околу шансите да се најде во состравот на Манчини за претстојното ЕУРО, Гравина е претпазлив.

„Прво мораме да го сочуваме интегритетот на момчето. Мора да работи по зададена програма и под будно око на лекарскиот тим. Рома е клуб кој негува внимателен однос кон проблемите од ваков тип, а ние мораме да ги слушаме прво советите од лекарите, а потоа и желбата на играчот пред да донесеме било каква одлука. Сите нѐ погоди неговата повреда“, заврши претседателот на Фудбалската федерација на Италија.

Ѕаниоло преку својот Instagram профил порача: „Ви се колнам... ќе се вратам посилен од порано“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе