Здрави утрински навики: Како да се расоните без кафе?

Позната е ефективноста на кафето за расонување, но оние кои бараат алтернатива на утрински напиток може да се послужат со следните предлози за подигнување на енергијата – слушање музика, прошетка, јога, ароматерапија или хидратација.

Иако за многумина кафето е проверен начин за расонување и будење на телото и умот, постојат и луѓе на кои може да им се појават здравствени тегоби како желудочни проблеми, зголемен крвен притисок и слично.

Со помош на овие неколку брзи начини може да се разбудите без да пиете кафе наутро:

Направете петминутна сеанса на јога

„Краткото вежбање јога наутро може да го подобри нивото на енергија“, вели фитнес тренерот Стефани Мансур за CNN.

Телото ќе го разбудите со подобрување на циркулацијата и ослободување од вкочанетост или болки во телото, а истовремено ќе го активирате мозокот со создавање ендорфин за добро чувство покрај вашите јога движења, советува таа.

Излезете надвор

„Разбудете ги телото и умот со движење, тоа е многу поприродно и подолготрајно од зголемувањето на енергијата со помош на кафе“, вели Мансур.

Кардио тренингот и забрзувањето на срцевите отчукувања служат како зголемување на енергијата. Утринската прошетка исто така може да биде мирна и да ја промени перспективата бидејќи гледате различни работи – небо, дрвја, природа и слично.

Исто така, прошетката го подига нивото на енергија поради температурата, дури и ако е топло надвор, тоа го буди телото.

Слушајте енергична музика

Слушањето на пожива музика наутро може да ви даде енергија особено ако слушате додека вежбате.

Хидратација

„По спиење на телото му недостига хидратација, што е многу важно за различни функции во мозокот и телото“, вели за CNN Фарел Ален, американски нутриционист.

Пробајте и ароматерапија

„Употребата на екстракти од ароматични билки и етерични масла за терапевтски инхалации, масажи или капење може да функционира и во расонувањето за некои луѓе, вели Фарел.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе