Украинскиот претседател Володимир Зеленски виртуелно присуствуваше на технолошки саем во Париз, појавувајќи се како холограм.
Цитирајќи реплика од „Star Wars“, се обиде да обезбеди помош во борбата за Украина во војната со Русија.
Зеленски пред стотината присутни на саемот изјави дека Украина им нуди на технолошките компании уникатна прилика да ја обноват земјата во вид на целосна дигитална демократија.
„Невообичаено е претседателите или шефовите на влади да користат холограм за обраќање пред луѓе, но тоа не е единствениот аспект на Стар ворс кој го спроведуваме во пракса. Ќе ја победиме и империјата“, изјави тој споредувајќи ги руските сили со негативците од „Star Wars“.
Зеленски додаде дека неговата влада изнела конкретен план со кој ќе се воспостави дигитална влада на конференцијата во Швајцарија во следните недели.
„Ниту една друга земја во светот нема да ви понуди таква прилика да користите најнапредни технологии на државно ниво. Тоа е експеримент и дигитална револуција како и модернизација на постојниот систем истовремено“, објасни Зеленски.