ЖРК Вардар го сруши европскиот првак

ЖРК Вардар славеше над Будуќност 26:24 (11:11), во дерби мечот кој се одигра во рамките на претпоследното коло во фазата по групи, во Лигата на шампионките. „Црвено црните“ ракометарки, предводени од голманката Лејно, го срушија европскиот првак со одличната игра во последните девет минути од натпреварот.

„Ако успееме да постигнеме повеќе од 22 гола, тогаш имаме шанси да го победиме Будуќност“, изјави тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ, пред мечот со европскиот првак и токму тоа се случи на теренот во „Јане Сандански“. ЖРК Вардар успеа да ја забележи првата победа над Будуќност во натпреварите од Лигата на шампионките, победа која дополнително ќе ја крене самодовербата кај ракометарките.

Мечот помеѓу Вардар и Будуќност во целост го оправда епитетот дерби на колото во Лигата на шампионките. Голема борба, цврсти одбрани, расположени голманки, го обележаа мечот во кој ниту една од екипите немаше предност поголема од три гола.

Натпреварот беше решен во последните девет минути, кога вардарки со серија од пет гола, негативата од 20:22, ја претворија во позитива од три гола 25:22.

Во текот на натпреварот двете екипи имаа можност да создадат и поголема разлика, но такво нешто не дозволија голманките, кои блескаа на теренот: Амадин Лејно имаше 19 одбрани, а нејзината колешка од спротивниот табор Марта Ждериќ 16 успешни интервенции.

Стрелците кај Вардар ги предводеше Барбара Лазовиќ, која постигна шест голови и го одигра најдобриот натпревар во вардаровиот дрес. Гол помалку постигна Андреа Пенезиќ, а Јованка Радичевиќ против поранешниот клуб постигна четири гола.

Катарина Булатовиќ со шест гола, три од седмерец, беше најефикасната во редовите на Будуќност.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе