УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Зошто Интер не доби пенал за раката на Мане?

Филип Здравески
/ 02.11.2022 / 11:46

Садио Мане синоќа со раце го блокираше опасниот удар на Николо Барела, а иако инцидентот беше внатре во шестнаесетникот и судијата долго гледаше на ВАР, на крајот пенал не беше досуден.

И по преспиено утро сите си го поставуваaт истото прашање: Како е можно за очигледното играње со раце на Мане да не биде досуден пенал во корист на Интер?

Инцидентот се случи во 8. минута кога по нафрлување од корнер во казнениот простор нa Баерн домашните играчи ја исфрлија топката, но Барела надвор од шестнаесетникот ја начека на волеј и упати силен удар кој одеше во рамките на голот. На патот кон голот се најде Садио Мане кој инстинктивно ги крена рацете бидејќи топката му одеше в глава и како голман го одбрани ударот на Барела.

Играњето со рака го видоа сите, но словачкиот судија Иван Кружлиак веднаш одмавна со рацете. Потоа беше повикан од страна на своите колеги во ВАР собата да погледне реприза од инцидентот. Иако речиси цела минута ја разгледуваше ситуацијата, на крајот одлучи дека пенал нема, по што беше опколен од играчите во жолти дресови.

URL

Според правилата на ФИФА, играњето со рака на Мане не влијае на патеката на топката бидејќи не ги крена рацете повисоко од главата, туку ги намести токму пред неа за топката да не го погоди в лице. Според тоа, играњето со рака е ирелевантно бидејќи топката секако ќе беше одбиена од него.

Контроверзна одлука, но технички сепак исправна, согласно денешните правила на ФИФА. Ваков инцидент пред неколку години, пред имплементирањето на новите правила, со сигурност ќе беше пенал.

Резултатот во тој момент беше 0:0, а потоа Баерн постигна два гола преку Французинот Бенжаман Павар во 32. минута и Камерунецот Ерик Максим Шупо-Мотинг во 72. минута за победа од 2:0 која сепак не влијаеше врз конечниот пласман кој во оваа група беше веќе одреден по 5-тото коло.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе