Компирите се една од најфлексибилните намирници со кои располагаме. Може да ги печеме, пржиме, да ги трансформираме во пире, а може да ги додаеме во пити, разни чорби, јадења и гулаши.
За да уживате во ова вкусно јадење, многу е важно да одберете вистински компир за вистинското јадење и термичка обработка. Одредени компири содржат висок процент на скроб, па најдобро е да ги искористите за подготовка на пире или за печење. Други компири се идеални за готвење во вода, па се добри за салата.
За да добиете добро зготвен плод за подготовка на компир салата, корисно е да додадете и малку оцет. Според магазинот Home Cook World, во водата во која ќе ги варите компирите добро е да додадете малку оцет. Компирите ќе ги варите половина час, а оцетот треба да го додадете во зовриена вода, околу 13 минути од готвењето.
Додавањето оцет во зовриена вода ќе создаде тенка кора на надворешниот слој на компирот. Оваа кора ќе помогне компирот да го задржи обликот, да не се распадне и да не стане кашест.
Важно е да се спомене дека не постои посебен вид оцет кој е подобар за оваа задача од другите. Може да се послужите со јаболков, вински или обичен оцет, сеедно е.