15 прашања што откриваат дали сте ја нашле љубовта на вашиот живот

Прекрасно е да се биде заљубен, но љубовта понекогаш прави да го гледаме партнерот и врската со него низ розови очила.

Во реалноста, тешко е да се процени дали врската во која сте има потенцијал да биде „она вистинското“, вели доктор Гари В. Левандовски, професор по психологија и терапевт за парови. Тој вели дека кога ќе си одговорите искрено на овие 15 прашања ќе знаете дали сте во врска со љубовта на вашиот живот или треба да ги извадите розовите очила и да ја прекинете врската за да не си го губите времето еден на друг.

Левандовски вели дека одлучил да ја состави оваа листа со прашања бидејќи најчесто му го поставуваат прашањето „Како да знам дека не сум во погрешна врска?“

„Тоа е прашањето за кое луѓето се најмалку опремени сами да го одговорат. Кога се обидуваат да одлучат каква е врската, не знаат кои прашања да си ги постават и се фокусираат на погрешните работи“, вели тој.

Ова се 15-те прашања:

Дали партнерот ве прави подобра личност и вие него?

 

Дали и двајцата може слободно да ги споделувате своите чувства, да се потпрете еден на друг, да бидете блиски и да не се грижите дека едниот ќе го напушти другиот?

 

Дали со партнерот се прифаќате такви какви што сте, без да се обидувате да го смените другиот?

 

Кога ќе се појави некакво несогласување, дали комуницирате достоинствено, без презир и негативност?

Дали и двајцата во подеднаква мера носите одлуки, имате моќ и влијаете во врската?

 

Дали вие сте неговиот најдобар пријател и вие негов?

 

Дали повеќе размислувате како „ние“ и „нас“ отколку „јас“ и „мене“?

 

Дали би си ги довериле еден на друг лозинките на профилите од социјалните мрежи и банкарските сметки?

 

Дали имате добро мислење еден за друг, без да имате „напумпано“ позитивен став?

 

Дали вашите, неговите и заедничките блиски пријатели сметаат дека имате супер врска што ќе го издржи тестот на времето?

 

Дали вашата врска е ослободена од „спорни теми“ како претходни неверства, љубомора или контролирачко однесување?

 

Дали вие и вашиот партнер делите исти вредности кога станува збор за политика, религија, брак, имањето деца и начин на воспитување на децата (ако ги имате)?

 

Дали и двајцата сте подготвени да ги жртвувате сопствените потреби, желби и цели еден за друг (без едниот да биде оној кој секогаш попушта)?

 

Дали и двајцата имате пријатен и емотивно стабилен карактер?

 

Дали сте сексуално компатибилни?

Левандовски вели дека ако искрено одговорите со „да“ на овие прашања, базирани на податоци поткрепени со научни докази и на интуиција, тоа значи дека вреди да останете во таа врска.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Љубов и секс

Зошто не излегувате од врска во која не сте среќни?

Read more

Кои се симптомите на алергија на секс?

Read more

Дали знаете што е свесна мастурбација? Целта не е само оргазам

Read more

Зошто сè повеќе парови спијат во одделни соби?

Read more

Магазин

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе