Во изминатото деноноќие полицијата затекнала 75 лица кои се шетале за време на полицискиот час, а немале дозвола за тоа. Полицијата привела 59.
„Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето“, вели Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 102 лица им се издадени решенија за изолација, а 15 лица потпишале изјави за самоизолација.