Акционерите на Twitter го одобрија договорот со Маск

Акционерите на Twitter го одобрија договорот за продажба на компанијата на бизнисменот Илон Маск вреден 44 милијарди долари.

Како што пренесува BBC, одлуката е донесена за време на кратка видеоконференција со инвеститорите во седиштето на компанијата во Сан Франциско.

Овој потег значи дека Twitter сега ќе се обиде преку суд да го принуди Маск да ја купи компанијата.

Всушност, Маск се обиде да го раскине купопродажниот договор, наведувајќи дека Twitter го довел во заблуда за големината на корисничката база, како и за бројот на ботови и спам профили.

Twitter ги отфрли ваквите обвинувања на Маск и го тужеше пред судот во Делавер. Маск потоа поднесе контра тужба.

Компанијата тврди дека Маск нема право да го раскине договорот.

Двете страни треба да се сретнат на суд во Делавер во октомври, а потоа судијата ќе одлучи дали Маск мора да ја купи компанијата или не, додаде британскиот јавен сервис.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе