Албанија сакаат да ја напуштат 87 отсто од лекарите

Спроведената анкета потврдува дека дури 87 отсто од лекарите во Албанија, поради условите за работа и ниските плати, сакаат да ја напуштат земјата и да заминат, главно во Германија.

– Дури 78 отсто од лекарите кои беа опфатени во една студија рекоа дека сакаат да ја напуштат Албанија и да работат во земјите на ЕУ, претпочитајќи ја Германија. Само во последните пет години во Германија заминале 875 лекари од општа пракса и специјалисти, вели Мараш Логу познат активист од граѓанското општество.

Во меѓувреме специјализантите по медицина од отворената квота бараат од Владата да ги стави во владината квота и да им ги обезбеди средствата за специјализација, бидејќи „тешко им е да преживеат, а не и да ја плаќаат специјализацијата“.

Алесиа Мехмети, специјализант по кардиохирургија, за Ora News телевизија вели дека поради неможноста да ги обезбеди трошоците принудена е да работи.

– Специјалист кој е во бесплатна квота не плаќа ништо во Универзитетскиот клинички центар, а ние должни сме самите да ги платиме сите трошоци за живот, вклучително и школарината. Морам да работам во приватна болница за да ги покријам трошоците, додава Алесиа.

На студент по медицина му требаат околу 11 години за факултет и специјализација, за што му се потребни средства во износ од 6.225.000 леки.

Ако се има предвид нивото на платите во Албанија, лекарот ќе мора да работи од 7,1 до 8,6 години за да ги врати сите инвестиции во текот на годините на образование.

Според Федерацијата на албански лекари во Европа во периодот од 2010 до 2020 година Албанија ја напуштиле 4 илјади лекари од општа пракса, но и специјалисти по одредена медицинска гранка.

Многу поголема е бројката на медицинските техничари кои ја напуштиле Албанија.

Според Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински техничари во Албанија, само во перодот 2017-2020 година земјата ја напуштиле околу 9.000 лица - средномедицински кадар.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Регион

Медиумите одбиваат да ги објават резултатите од излезните анкети по изборите во Албанија

Read more

Парламентарни избори во Албанија, соочени Рама и Бериша

Read more

Бугарскиот претседател најави референдум за влез во еврозоната

Read more

Како Вучиќ успеа да слета во Русија?

Read more
 

Вести

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе

На велопатека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Читај повеќе

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Читај повеќе
  • filter

Зошто треба да ја посетите ретроспективната изложба на Анета Светиева?

Читај повеќе