Анчелоти: Состојбата на Модриќ не е добра

Лука Модриќ го нема на списокот фудбалери на Реал Мадрид кои денеска ќе играат против Виљареал во осминафиналето од Купот на Шпанија.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, реши да го одмори 37-годишниот хрватски капитен. Модриќ се врати уморен од Мундијалот и Анчелоти верува дека му треба дополнителен одмор.

„Состојбата на Модриќ не е добра по Мундијалот. Крос и Модриќ се во различни ситуации. Тони е во оптимална форма, а Лука играше на Светското првенство и не се чувствува баш најдобро. Но, со текот на времето, малку по малку ќе се опорави“, објасни Италијанецот на пресот пред натпреварот.

Модриќ, кој сезонава играше 22 пати за Реал Мадрид, постигна пет гола и двапати асистираше, по Светското првенство во Катар одмора десет дена. Неговиот и договорот на Крос истекуваат на 30 јуни.

Модриќ би можел да се врати во тимот в недела, на првенствено гостување против осмопласираниот Атлетик Билбао.

Продолжете да читате: Дали Модриќ стана излишен во Реал?

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе