
Каталонскиот гигант Барселона на социјалните мрежи го претстави стадионот на кој ќе ја игра целата наредна сезона.
Се вика Estadi Olímpic Lluís Companys и е попознат по прекарот „Монжуик“.
Најавен е и мечот против Тотенхем на тој стадион, како прв на традиционалниот турнир Хоан Гампер.
Барселона мора привремено да се пресели бидејќи „Камп Ноу“ се реновира. Работите ќе чинат една и пол милијарда евра.
Целото трето ниво на трибините е урнато и целосно ќе се реконструира. Целиот паркинг во и околу стадионот е затворен, а на патеката на „Камп Ноу“ можат да влезат само работни машини.