Бензема на роденденот се збогува од француската репрезентација

Карим Бензема (35), напаѓач на Реал Мадрид и најдобар фудбалер во светот, повеќе нема да игра за француската репрезентација, потврди денеска на социјалните мрежи.

Откако го пропушти Мундијалот поради повреда и бројните шпекулации дека е во расправија со селекторот Дидје Дешан, одличниот голгетер реши токму на роденденот да стави крај на репрезентативната кариера.

Официјално најдобриот светски фудбалер беше принуден да го пропушти Мундијалот поради проблеми со повреди, а потоа се шпекулираше дека селекторот на Франција, Дидие Дешан одбил да го вклучи напаѓачот на Реал во нокаут фазата на Мундијалот во Катар.

Првичната дијагноза укажуваше дека тој ќе биде надвор од терените три недели, но Бензема се опорави по само 10 дена и беше подготвен да се приклучи на националниот тим.

Дешан беше прашан од новинарите пред финалето дали ќе го донесе Бензема, а тој рече: „Ух, подобро да не одговорам на тоа. Следно прашање“.

Бензема објави своја фотографија на Instagram и напиша: „Не ме интересира“.

URL

Француските медиуми веднаш објавија како Бензема на овој начин му рекол на Дешан дека не сака да биде дел од неговиот тим, додека шпанскиот портал Libertad отиде чекор понатаму, тврдејќи дека Бензема не си заминал доброволно од Катар, туку дека бил „избркан“ и дека е многу лут поради тоа.

На крајот од сагата, Бензема објави дека ја завршил својата репрезентативна кариера и повеќе нема да игра за Франција.

„Вложив труд и направив грешки кои требаше да ги направам за да бидам таму каде што сум денес и горд сум на тоа! Ја напишав мојата приказна, а нашата завршува“, напиша Бензема на социјалните мрежи.

URL

Бензема за Франција одигра 97 натпревари и постигна 37 гола. Секако, ќе остане запаметено дека тој не играше за триколорите шест години, пред да се врати во 2021 година.

Во 2015 година Бензема беше исфрлен од француската репрезентација поради скандал во кој соиграчот Матје Валбуена го обвини дека го уценувал со порно снимки, а напаѓачот на Реал Мадрид секогаш ги негираше овие наводи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе