„Black Panther“ доби искрен трејлер
По десет години успешна работа на студиото Marvel, тие решија да го направат првиот филм во кој главната улога ја има Афро-американски суперхерој – „Black Panther“. Овој филм стана голем хит и заработи многу, но тоа не го поштеди од острото око на критичарите од YouTube каналот Screen Junkies, кои решија дека заслужува да добие Искрен трејлер.
Honest Trailers серијалот на Screen Junkies трае од самото основање на каналот и е една од најоригиналните работи кои му се случуваат на интернет просторот, посебно кога се зборува за работи поврзани со филмската индустрија.
„Black Panther“ го доби својот Искрен трејлер многу брзо по излегувањето, ако земеме во предвид дека тој е сѐ уште на репертоарот на повеќето киносали во светот.