Цената на нафтата расте трета недела по ред, доларот паѓа

На глобалните пазари цените на нафтата пораснаа и минатата недела, трет пат по ред, бидејќи трговците беа загрижени поради нарушување на понудата, а цените беа поддржани од слабеењето на доларот.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 1,8 отсто, на 79,87 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,1 отсто, на 75,42 долари.

Порастот на цените е главно резултат на нарушувања во понудата. Имено, во Либија минатата недела беа затворени неколку нафтени полиња поради политички протести. Шел, пак, го прекина товарењето на нигериската сурова нафта поради можни оштетувања на терминалот.

Снабдувањето од Либија се проценува дека е намалено за околу 370.000 барели дневно, а од Нигерија за 225.000 барели дневно, според аналитичарот на PVM, Џон Еванс.

Извозот на руска нафта, исто така, значително се намали и доколку овој тренд продолжи следната недела, цените веројатно повторно ќе пораснат, особено ако се земе предвид дека Москва официјално планира да го намали извозот во август за 500.000 барели дневно, пишуваат аналитичарите на Комерцбанк во својот преглед на ситуацијата на пазар.

Остар пад на вредноста на доларот

На цената на нафтата влијаеше и остриот пад на вредноста на доларот во однос на кошничката валути, на најниско ниво во последните 15 месеци. Тоа, всушност, ја поевтинува нафтата за купувачите во други валути, па во вакви случаи се зголемува побарувачката за „црното злато“.

Од друга страна, трговците се загрижени поради забавувањето на растот на западните економии, бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Покрај тоа, кинеската економија, најголемиот увозник на нафта во светот, не закрепнува толку брзо како што се очекуваше по укинувањето на рестриктивните мерки за ковид.

Сепак, трговците се надеваат дека поради намалувањето на инфлациските притисоци во САД, циклусот на зголемување на каматните стапки завршува, што би требало да доведе до стабилизирање на економскиот раст.

„Светлината на крајот од тунелот на построга (американска) монетарна политика е сè повидлива и инвеститорите се повеќе се уверени дека ФЕД ќе го затвори циклусот откако ќе ги зголеми каматните стапки уште еднаш за две недели“, рече високиот аналитичар на OANDA, Крег Ерлам.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) прогнозираат дека побарувачката ќе се зајакне во втората половина од годината, особено во Кина.

И покрај растот на цената на нафтата три недели по ред, тие сè уште се во минус во однос на почетокот на годината, за околу 6 отсто.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе