Чистка во Барса: Кој се најде на „црниот список“ на Куман?

Тренерот на Барселона состави список на играчи кои сака да ги избрка.

По крајот на сезоната во која Барселона го освои само Купот на кралот, тренерот Роналд Куман се пожали дека нема доволно квалитетни играчи на располагање.

„Кога го презедов тимот, не можев да го составам како што сакав. Единственото засилување што ми беше дозволено да го донесам беше Сержињо Дест, а тој дојде дури на последниот ден од преодниот рок. Тимот што го имам не е на ниво на Барселона. Тоа не е тајна и многумина во клубот го мислат истото“, рече Куман.

Иако шпанските медиуми веќе го отпишаа и шпекулираат кој ќе биде негов, Куман е убеден дека ќе ја води Барселона и следната сезона. Мадридски AS открива дека холандскиот тренер составил список на играчи на кои не смета.

Девет отпишани, тројца на трансфер листата

Миралем Пјанич, Филипе Кутињо, Матеус Фернандеш, Жуниор Фирпо, Нету Мурара, Мартин Брејтвејт и Самуел Умтити се играчи кои Куман сака да ги продаде ова лето, а Франсиску Тринкау и Рики Пуиг одат на позајмица.

Сержи Роберто, Клемент Ленгке и Усман Дембеле се исто така на трансфер листата и тие ќе си заминат доколку дојде доволно добра понуда.

Барселона се договори за доаѓањето на Серхио Агуеро од Манчестер Сити како слободен агент, а Џорџињо Вајналдум од Ливерпул можно е да пристигне без обештетување.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе