КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Џака и Шаќири во незавидна ситуација - мора да го исфрлат своето Косово

Фудбалерите на Швајцарија синоќа до 88. минута имаа пласман на ЕУРО, но поради голот на Израелецот Шон Вајсман ќе мора да ги чекаат последните два натпревара за да го заверат пласманот.

Првата меч топка Швајцарците ќе ја имаат веќе на следниот натпревар в сабота, а тој дуел ќе биде особено емотивен за најголемите ѕвезди Гранит Џака и Џердан Шаќири.

Имено, Џака и Шаќири ќе се најдат во крајно незавидна ситуација со оглед на тоа што ќе играат против „своето“ Косово, со кое Швајцарија се бори за пласман на Европското првенство.

Поточно, со победа во Базел, Швајцарците ќе се пласираат на ЕУРО, а дури и со реми Косоварите ќе останат без шанса за пласман на собирот на најдобрите европски репрезентации.

Откако со 1:0 го совлада Израел во неделата, на Косово сега му требаат две победи на последните два натпревара за да испише историја. Но, потребно е не само да ја победи Швајцарија в сабота, туку потоа Швајцарците и да загубат на гости кај Романија во последното коло. На тој начин Косово и Швајцарија би имале ист број на бодови, по 16, но Косово би бил подобар во меѓусебните дуели со оглед на тоа што првиот натпревар заврши 2:2. (Во УЕФА натпреварувањата при ист број на бодови одлучува меѓусебен дуел, додека во ФИФА натпреварувањата клучна е гол-разликата.)

Да потсетиме, родителите на Џака се од Косово, додека Шаќири е и роден во Косово.

Покрај нив двајца, во редовите на Швајцарија има уште двајца играчи чии родители се Косовари, Анди Зеќири и Уран Бислими. Вториот лани дури и двапати играше за Косово и постигнаа еден гол.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе