Златното доба на Југославија, како што го паметат луѓето од тоа време, не се однесуваше само на бумот на домашните индустрии, туку и на ТВ-продукцијата и рекламите за домашните производи.
Сексапилот и еротиката се чини играле голема улога во привлекувањето на потрошувачите, без разлика дали прозиводот имал допирна точка со тоа или не.
Иако денес постои мислење дека телевизиите за време на Југославија биле воздржани и конзервативни, всушност тоа не било така. И тогаш правилото беше дека сексот продава, па ТВ-рекламите беа полни со алудирања на секс.
Интерпласт Трејд од Земун произведуваше и продаваше самолепливи градници. Вакво нешто денес не постои, но овој градник некогаш беше хит во Југославија.
Дали денешните телевизии би емитувале ваква реклама?