Deadpool се појави во шоуто на Стивен Колберт за да го измева Трамп
Фановите на најзборливиот лик од стриповите на Marvel вчера беа изненадени кога го видоа токму Deadpool како се појавува во шоуто на Стивен Колберт и се надоврзува на неговите шеги за американскиот претседател Доналд Трамп.
Откако го обвини Колберт дека успева да привлече само стара публика, Deadpool (Рајан Рејнолдс) продолжи да го краде шоуто во синоќешното издание на „Late Show“. Покрај Доналд Трамп, на метата на Deadpool се најде и „тој кретен“ Рајан Рејнолдс.
Премиерата на „Deadpool 2“ во Македонија е на 17 мај.